Во Дебар бокс меч за светски шампион во WBU категорија

Во Дебар бокс меч за светски шампион во WBU категорија

Дебар, 8 септември 2018 (МИА) – Во големата спортска сала во Дебар вечер ќе се одржи боксерски меч во рамки на натпреварите за светски шампион во WBU категорија.

Силите ќе ги одмерат албанскиот боксер Џетан Кета и босанскиот боксер Слаѓан Јањанин. Тој во овој меч го заменува Мексиканецот Паул Валензуел, кој поради повреда го откажал дуелот со Кета.

Триесет и петгодишниот Џетан потекнува од пограничното албанско гратче Булќиза, а со бокс се занимаваат и неговите браќа.

Според албанските медиуми изминатите денови тој е во родното место и тренира заедно браќата..

Статистиката потврдува дека Кета има 26 соочувања при што во 22 бил победник од кои 18 со нокаут. Јањанин има два меча повеќе од Кета. Извојувал победа во 25 од нив 19 со нокаут.

Светски шапиони во ова категорија биле Џорџ Фореман како и Рои Џонс.

Освен мечот Кета-Јањанин ќе има и најмалку три други мечеви со по три рунди, а пред дебарани ќе настапат и познати пејачи од албанската естрада. Активноста, како што велат од локалната власт, е во рамките на одбележувањето на 500-годишнината од смртта на Скендер бег. Мечот почнува во 19 часот. вт/мд/13:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ