Ангеловски: Натпреварот против Ерменија ќе го одлучи победникот во групата

Ангеловски: Натпреварот против Ерменија ќе го одлучи победникот во групата

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски на прес-конференцијата пред натпреварот со Ерменија изјави дека очекува позитивен резултат и оти исходот од овој меч ќе реши кој ќе биде победник во нашата група.

- Направивме добра анализа и знаеме како треба да пристапиме. Ме радува и тоа што фудбалерите се подготвени да го дадат максимумот. Очекувам да забележиме добар резултат кој ќе ни даде предност пред реваншот во Ереван. Ова е натпревар на кој веројатно ќе реши победникот во нашата група, истакна Ангеловски.

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев нагласи дека неговите соиграчи го знаат значењето на овој натпревар и ќе го дадат максимум на теренот.

- Овој натпревар е најважен во групата, нашата и ерменската репрезентација се најквалитетни и ќе се борат за првото место. Треба да излеземе и да дадеме максимум и мислам дека ако одиграме како што знаеме, тогаш ќе дојдеме до добар резултат, наведе Пандев.

Натпреварот од Лигата на нациите меѓу Македонија и Ерменија се игра утре од 18 часот на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Македонија настапува во Групата 4 од Лига Д и досега оствари гостинска победа против Гибралтар од 0:2. дб/мд/13:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...