Вардарки испуштија победа против Куманово

Вардарки испуштија победа против Куманово

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) – Младиот и неискусен тим на Вардар ремизираше со 30:30 против фаворизираните гостински од Куманово во првото коло oд женската ракометна лига.

Вардарки имаа 11 секудни за последниот напад и тајм аут, а наместо да тргнат смирено тие направија грешка, која противникот ја искористи и во контра преку Александра Боризовска реализираше за реми.

Во првото полувреме ракометарките на Вардар неколкупати имаа водство и на паузата заминаа со предност од 16:12.

Гостинките во 40-та минута израмнија на 20:20, но потоа повторно Вардар ја презеде иницијативата и резултатската предност.

Во последните дестет минути од натпреварот домашните ракометарки пак имаa водство од четири голови (28:24), но не успеаа да го зачуваат.

На другиот натпревар од првото коло ракометарките на Пелистер рутински со 33:23 го совладаа ЦЕМС од Скопје. дб/рп/19:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...