Ракометарките на Металург убедливо поразени од Иси Париз

Ракометарките на Металург убедливо поразени од Иси Париз

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) - Ракометарките на Металург денеска претпеа убедлив пораз од 15:31 од француски Иси Париз во првиот натпревар од првото квалификациско коло во ЕХФ купот.

Француските ракометарки ја потврдија фаворитската улога и со предност од 16 гола практично уште по првиот натпревар обезбедија пласман во следната рунда.

Младиот состав на Металург од стартот на натпреварот имаше висока негатива, а гостинките од Франција не дозволија никаква можност за евентуален пресврт.

Металург во првиот дел постигна само четири гола и на паузата замина со 13 гола негатива (4:17).

Ракометарките на Иси Париз рутински го одиграа вториот дел и сосема очекувано дојдоа до победа.

Реванш натпреварот се игра утре повторно во Автокоманда. дб/рп/20:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ