Ракометарките на Металург елиминирани од ЕХФ купот

Ракометарките на Металург елиминирани од ЕХФ купот

Скопје, 9 септември 2018 (МИА) - Ракометарките на Металург се елиминирани од ЕХФ купот, откако денеска претрпеа тежок пораз од 33:11 од француски Иси Париз и во реванш натпреварот од првото квалификациско коло.

Младиот состав на Металург не можеше да се носи со гостите од Франција, кои рутински дојдоа до победа и во вториот натпревар.

Избраничките на Јулијана Дамчевска вчера на првата средба исто така беа убедливо совладани со 16:31.

Со двете победи во Скопје, ракометарките на Иси Париз обезбедија пласман во следната фаза каде ќе се сретнат со Нант. дб/бак/18:40

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ