• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Македонија ја совлада Ерменија во Лигата на нациите

Македонија ја совлада Ерменија во Лигата на нациите

Скопје, 9 септември 2018 (МИА) - Македонија ја совлада Ерменија со 2:0 во натпревар од второто коло на Лига на нациите. 

Македонските фудбалери ја искористија предноста на домашниот терен и одлично го започнаа натпреварот.

Гостите во 12-та минута направија прекршок во шеснаесетникот врз капитенот Горан Пандев, а главниот судија досуди пенал, по што фудбалерот на Лидс, Езџан Алиоски, успешно реализираше од белата точка за водство на Македонија од 1:0.

На стартот од второто полувреме ерменските фудбалери се обидоа да воспостават контрола на теренот и да извршат поголем притисок врз македонскиот гол, но во 59-та минута Пандев беше прецизен и ја зголеми предноста за Македонија на 2:0.

До крајот на натпреварот македонските фудбалери не дозволија изненадувања и остварија победа во еден од двата клучни дуели во Лигата на нациите.

Македонија настапува во Групата 4 од Лига Д, а претходно на гости го совлада Гибралтар со 0:2. дб/20:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ