• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Хендрикс ќе настапи за Македонија против Косово и Романија

Хендрикс ќе настапи за Македонија против Косово и Романија

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - Ричард Хендрикс ќе настапи за македонската кошаркарска репрезентација на престојните натпревари од претквалификациите за ЕП 2021 против Косово и Романија.

Американскиот кошаркар со македонски пасош е играч на францускиот првак Ле Ман, а од денеска ќе му биде на располагање на селекторот Јорданчо Давитков.

Првиот натпревар се игра на 13 септември против Косово во Приштина, а вториот против Романија е закажан на 16 септември во Скопје.дб/сст/17:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ