• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Кичево домаќин на меѓународен ракометен младински турнир

Кичево домаќин на меѓународен ракометен младински турнир

Кичево, 11 септември 2018 (МИА) – Градот Кичево е домаќин на меѓународен ракометен турнир „Кичево куп 18" за млади категории на кој учествуваат екипи од Македонија и Полска.

На машкиот дел од турнирот играат: РК "Гого "- Кичево, РК "Преспа" - Ресен и гостите од Полска Свит Адеско.

Во женска конкуренција се натпреваруваат екипите на: РК "Кичево 10"- Кичево, РК "Војнисон" - Кичево и Луковија од Полска

Се игра по системот секој со секого и во машка и во женска категорија .

- Овој ракометен куп преставува вистинска можност за сите љубители на ракометот во Кичево но и пошироко за да уживаат во убавината на ракометната игра во овие два дена во спортската сака "Јанчица" во Кичево. Целта е спортското дружење и меѓусебно познавање меѓу сите учесници на овој ракометен куп , секако тука е и афирмацијата на ракометот воопшто вели големиот спортски работник и ракометен тренер Горан Карафилоски.

Турнирот е под покровителство на општина Кичево и градоначалникот Фатмир Дехари. рз/зс/10:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.