• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Охрид подготвен за претстојното ЕТУ Балканското првенство во триатлон

Охрид подготвен за претстојното ЕТУ Балканското првенство во триатлон

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) – Градот Охрид од 14-16 септември ќе биде домаќин на ЕТУ Балканското првенство во триатлон 2018. Македонската триатлон федерација која заедно со локалниот организатор Спорт за сите – Сите за спорт од Охрид се целосно подготвени за претстојниот настан. Тоа се должи благодарение на поддршката од Агенција за млади и спорт, општина Охрид и Македонски Олимписки комитет.

- Сакам да упатам благодарност до Македонската триатлон федерација за заложбите кои ги направи за организација на Европскиот триатлон куп и Балканското првенство во триатлон, каде Охрид ќе биде домаќин од 14-ти до 16-ти септември на 20 држави учеснички од различни категории, истакна Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт на Република Македонија.

Учесниците ќе се натпреваруваат во осум категории: Елит (мажи и жени), Јуниори (мажи и жени), и Кадети (мажи и жени) Рекреативци (мажи и жени).

триатлон 2

- Верувам дека ова ќе прерасне во една голема трка, во Европски куп кој ќе се одржува понатаму.“, порача Гордана Николовска од Сојуз на спортови.

Главните трки на ЕТУ Балканското првенство во триатлон се:

Елит (1998 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;

Јуниори (1999-2002): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;

Кадети (2003-2005): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање. зс/13:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...