• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

„Мрдни со прст" во пехчевски Црник

„Мрдни со прст" во пехчевски Црник

Пехчево, 24 април 2018 (МИА) - Жителите на пехчевското село Црник ја реализираа работната акција „Заедно до поголеми детски насмевки која се спроведе во рамките на кампањата „Мрдни со прст“. Во акцијата беа вклучени 60-тина млади, деца и возрасни кои излегоа  и активно се вклучија во уредувањето на дворот пред детската градинка во селото каде беа поставени детски реквизити.

Ромина Кајтазова од НВО „Кхам“ од Делчево и координатор на проектот, изрази благодарност до граѓаните на општина Пехчево, посебно до жителите од село Црник кои придонесоа за успешност на акцијата.

- Во оваа акција се покажа дека соработката со институциите е возможна и дека со желба, ентузијазам и проактивност може да се случи промената што сакаме да ја видиме. Ние, како НВО КХАМ од Делчево очекуваме да продолжи ентузијазмот на граѓаните за промена на нештата, но исто така очекуваме совесно и грижливо да се одржуваат општите добра, рече Кајтазова.

Таа додаде дека акцијата е поддржана од страна на НВО КХАМ од Делчево и општина Пехчево во рамки на иницијативата „Мрдни со прст“ заедно Детската градинка 7 Септември  и има за цел цел да ја подигне јавната свест за различните можности кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи за приднонес  кон специфични активности  во рамки на  заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат индивидуално, но и колективно. дт/сст/09:42

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ