• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во Дебар и Центар Жупа социјална парична помош остваруваат 644 семејства

Во Дебар и Центар Жупа социјална парична помош остваруваат 644 семејства

Дебар, 26 април 2018 (МИА) - Право на социјална парична помош преку Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, остваруваат 644 корисници, со околу 1.800 членови на нивните домаќинства.

- Станува збор за невработени лица, кои редовно се пријавуваат во Агенцијата за вработување. Од вкупната бројка над 85 отсто се од општина Дебар. Споредено со пред неколку години бројот на корисници на ова право е помал за околу 100 семејства. Тоа поради фактот што дел од нив се вработиле или заминале на работа во странство, вели Крешник Пачуку, директор на Центарот.

Што се однесува до другите права од социјалната заштита, како што нагласува директорт Пачуку, 115 лица остваруваат право на постојана парична помош, 370 лица право на помош и нега од друго лице, додека 10 лица остваруваат право по основ на цивилна инвалиднина од војната.

Центарот редовно исплатува и еднократна парична помош која во просек месечно ја добиваат по дваесеттина лица, додека субвенција за потрошена електрична енергија добиваат по околу 500 семејства. вт/ев/10:22

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...