• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Честитка од министерката Царовска по повод Меѓународниот ден на трудот

Честитка од министерката Царовска по повод Меѓународниот ден на трудот

Скопје, 1 мај 2018 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска упати честитка по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај.

- Денот на трудот, 1-ви Mај е симбол на борбата за правата на работниците. Како политичари и работници, наша должност е тие права да ги штитиме и унапредуваме. Македонија веќе не смее и нема да биде земја со евтина работна сила и незаштитени работници, порачува во честитката, вели таа во честитката.

Посочува што се Владата направила да ги унапреди правата на работниците.

- Ја зголемивме најниската гарантирана плата за над 90 илјади работници. Го решивме проблемот на голем број стечајни работници. Правиме се жените да бидат платени, исто како и мажите. Наша должност е да создаваме услови да може од трудот да се живее чесно и достоинствено, вели Царовска.

Први мај, додава таа, е празник на трудот, но и симбол на солидарноста на работништвото во борбата за еден поубав свет.

- Тоа е светот на правдата, на еднаквоста и на поддршката кон сите на кои им е потребна помош. Тоа се иделите за кои голем број борци за слобода, правда и еднаквост ги давале своите животи. На денот кога си го честитаме овој празник се сеќаваме и на нив и им оддаваме признание, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот. сст/дма/10:09

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...