• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Се уредува дворот на новата градинка во Кавадарци

Се уредува дворот на новата градинка во Кавадарци

Кавадарци, 5 мај 2018 (МИА) - Се уредува дворот на новата градинка во Кавадарци. На поголемиот дел од дворната површина ќе бидат поставени бекатон плочки,  а на останатиот  простор ќе биде извршено хортикултурно уредување, заградено со рабници. 
 
- Во овој објект ќе бидат згрижени околу 100 деца од предучилишна возраст, а општината очекува тоа да го ублажи сегашниот недостиг од места во градинка, соопштија од општинската прес-служба. 
 
Општината Кавадарци информира дека се планира да се изгради нов објект за згрижување на поголем број деца со што би се решил проблемот со недостиг на места во градинка. свд/мд/15:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ