• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Царовска на министерски состанок за родова еднаквост во Виена

Царовска на министерски состанок за родова еднаквост во Виена

Скопје, 14 мај 2018 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и заменик министерката за финансии Ширет Елези во Виена учествуваат на регионалниот министерски состанок на земјите од Западен Балкан во организација на Светска банка.

Состанокот е насловен како „Ослободување на потенцијалите за економски раст во Западен Балкан преку унапредување на родовата еднаквост во пристапот до економските можности“, а Царовска е панелист во сесијата посветена на промоција на еднаквоста во претприемништвото.

Целта на оваа сесија е да се дискутираат и предложат решенија кои ќе го подобрат пристапот на жените до финансиски средства и ќе го поттикнат нивното учество во претприемништвото. Еден од клучните чекори во борбата за родова еднаквост е овозможување еднаквост во пристапот до финансиски средства и имот, што директно се одразува врз независноста и подобрувањето на статусот на жените во општеството.

Според проценките, во просек 18 проценти од БДП се губат секоја година поради родовиот јаз на пазарот на труд. Иако се забележува напредок во однос на инклузивноста во економските можности во земјите од регионот, продолжува работата во оваа насока. На денешната средба, земјите од Западен Балкан ќе ја потпишат заедничката заложба која потврдува дека економскиот развој ќе вклучува и цврста определба за родова еднаквост во пристапот до економски можности, соопшти Министерството за труд и социјална политика.лв/са/12:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...