• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Македонија и Србија ќе работат на унапредување на пензиското и инвалидското осигурување

Македонија и Србија ќе работат на унапредување на пензиското и инвалидското осигурување

Белград, 16 мај 2018 (МИА) - Македонија и Србија ќе работат на унапредување на соработката, особено во делот на пензиското и инвалидското осигурување. 

За ова денеска во Белград разговарале српскиот министер за труд, вработување, боречки и социјални прашања Зоран Ѓорѓевиќ и вршителот на работите во македонската Амбасада Васко Грков. 

Како што информираат од српското Министерство, на состанокот се разговарало за можностите за унапредување на идната соработка. 

Министерот Ѓорѓевиќ ја истакнал важноста од унапредувањето на билатералните односи на двете земји на сите полиња од заеднички интерес, а станало збор и за размената на искуствата на полето на европските интеграции.

Вршителот на работите во македонската Амбасада посочил дека предлозите ќе ги пренесе до надлежните институции во Скопје, како и дека Србија има партнер во Македонија кој ќе вложи напори да ја унапреди постоечката соработка и да ги издигне билатералните односи на двете земји на повисико ниво. об/бак/16:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...