Дебата: Гломазните институции се нефункционални и ги нарушуваат правата на корисниците

Дебата: Гломазните институции се нефункционални и ги нарушуваат правата на корисниците

Скопје, 17 мај 2018 (МИА) - Гломазните институции се нефункционални, не нудат услови едно дете или лице да живее во соодветни услови, а честопати ги нарушуваат и нивните права. Затоа е потребно да се спроведе процесот на деинституционализација, преку кој лицата од корисници ќе можат со помош и поддршка на служби и на заедницата да се вклучат во општеството и да живеат самостојно во заедницата.

Ова се дел од размислувањата изнесени на јавната расправа за Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 што ја изготвува Министерството за труд и социјална политика и треба да биде усвоена наредниот месец. 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека овој процес е почнат пред десеттина години, но оти не се спровел целосно. Со оваа стратегија, вели, треба да се создадат услови тој да се реализира, но, како што потенцира, што е уште поважно да не се дозволи да не се врати наназад и лица или деца кои биле деинстиционализирани никогаш да не се вратат во институција. Штетата што се прави на тој начин, рече, е поголем отколку процесот да е статус кво.

- Важно е да се потенцира е дека големите и гломазни институции немаат квалитет едно дете или лице да живее во соодветни услови. Затоа треба да се префрли топката во помали единици или фокусот да се даде на згрижувачки семејства кои ќе ги поддржуваме за да ги дадат и развијат потенцијалите кај децат и лицата за да се вклучат во општеството и да и да придонесуваат во развојот на заедниците во кои живеаат, рече Царовска на расправата што се одржа на Филозофскиот факултет.

Професор Вито Флакер од Словенија, тим лидер за техничка поддршка за процесот на деинституционализација во РМ, вели дека процесот на деинституционализација не е само техничка работа на преместување луѓе и деца од иснтитуции во стамбени групи или згрижувачки семеста.

- Тоа е комплексен процес што треба да ја промени положбата на лицето кое било во институции или во ризик на институционализација за да излезе од улога на корисник и се вклучи во општеството и да почне самостојно да живее во заедницата преку помош заедницата и службите за поддршка, рече тој.

Бенџамин Перкс од УНИЦЕФ се осврна на овој процес од аспект на децата и посочи дека гломазните институции се штетни за нивниот развој.

Според него, со оглед на фактот што 85 проценти од мозокот на човекот се развива до петтата година, несоодветните услови во институциите, малата грижа љубов или внимание, негативно влијаат на нивниот развој. Затоа, рече, е особено штетно малите деца да бидат сместени во вакви гломазни институции. Наместо тоа, тие треба да бидат згрижени во мали групни домови, стрателски семејства или да бидат посвоени. 

Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Македонија се согласува дека институциите се неподобни, штетни и неефикасни, а смета и дека ги нарушуваат правата на децата и луѓето. Рече дека стратегијата треба да биде амбициозна, а акциските планови што се на пократок рок да бидат реални со мерки што можат да се реализираат.

Согласно Националната стратегија во првата фаза до 2022 година целни групи се децата и лица со попреченост, без родители и со воспитно-социјални потешкотии, а во втората фаза возрасни со долгорочни потешкотии во менталното здравје и постари лица.

Кон крајот на 2017 во Македонија во вакви институции биле сместени 236 лица со интелектуална попреченост, 63 со физичка попреченост, 72 новороденчиња без родители, 45 деца без родители, 27 деца со воспитно социјални потешкотии и 19 деца во конфликт со законот. 

Во првата фаза ќе бидат трансформирани институциите Демир капија, 25 Мај, Топаанско Поле, 11 Октомври, Бања Банско, Ранка Милановиќ и Мајчин дом Битола. сст/сд/12:18

###

 

 

  

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...