• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Царовска: Oпштините се клучна алка во процесот на деинституционализација

Царовска: Oпштините се клучна алка во процесот на деинституционализација

Скопје, 18 мај 2018 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика денеска организираше средба во Заводот „Демир Капија“, на која присуствуваа министерката Мила Царовска, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски и градоначалници и претставници на општини во кои постои можност за вклучување во првата фаза на деинституционализацијата.

Во воведното обраќање министерката Царовска изрази благодарност што голем дел од поканетите се одѕваа на средбата, која прв пат се случува токму во институција чија трансформација е неопходна.

- Целта е општините да се подготват за спроведување на деинституционализацијата, која подразбира создавање на социјални, здравствени, образовни и други услуги во самите локални заедници. Ппроцесот не е едноставен, но сите вклучени страни треба да излезат во пресрет на потребите на нашите најранливи сограѓани и да ги почитуваат нивните основни човекови права, смета Царовска.

Пред претставниците на општините беше презентирана нацрт Стратегијата за деинституционализација, во која се дефинирани стратешките столбови на реформата: трансформација и затворање на институциите, преселба на корисниците во мали групни домови во општините, развој на услуги во општините и заедниците и спречување на идна институционализација.

Настанот е организиран преку проектот за Техничка помош за поддршка на процесот на ДИ во социјалниот сектор, финансиран од Европската унија. Дебатите за реформата ќе продолжат во наредниот период со одржување на серија регионални средби, соопштија од Министерството за транспорт и врски. вг/сст/15:14

###

​ 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ