• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Царовска: Словенечките искуства ќе помогнат да донесеме добар Закон за работни односи

Царовска: Словенечките искуства ќе помогнат да донесеме добар Закон за работни односи

Скопје, 23 мај 2018 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика организира работилница на тема „Реформи на пазарот на труд во Република Македонија - Што можеме да научиме од искуството на Словенија?“ како дел од дебатата за реформи на пазарот на труд и донесувањето нов Закон за работни односи, кој треба да се усвои до крајот на годинава.

Министерката Царовска, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, оцени дека постоечкиот комплексен Закон за работни односи не укажува доволно јасно на заштита на работничките права и на обврските на работниците и работодавачите. Сите овие недостатоци во пазарот на трудот играат економска и социјална улога за тоа какво општество сакаме да градиме. „Во процесот на носење нов закон се потребни анализи од аспект на микроекономски индикатори, за што земјава добива експертска поддршка од Светска банка. Но, од друга страна, очекувам синдикатите и здруженијата на граѓани да ја дадат другата перспектива за овој закон да даде максимална заштита на работниците. Целта е да добиеме добар баланс помеѓу едното и другото, затоа што ниту една држава не успеала да го развие пазарот ако има преригиден закон за едната или за другата страна, изјави Царовска.

Консултантите Јан Рутковски и Милан Водопивец ги презентираа предизвиците поврзани со законската рамка во Македонија и искуството и резултатите од реформата на пазарот на труд во Словенија. Во однос на тоа, министерката Царовска посочи дека покрај националните капацитети за подготовка на новиот Закон за работни односи, позитивно е вклучувањето на експерти од регионот, кои веќе го поминале овој процес и низ социјален дијалог донесле паметен закон, кој што обезбедил заштита и почитување на обврските од двете страни.скс/сд/11:41

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ