Средба посветена на прашањето за инклузија на Ромите

Средба посветена на прашањето за инклузија на Ромите

Скопје, 31 мај 2018 (МИА) - Средба со претставници на националните и локалните институции, општини и граѓански организации во рамки на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ ќе се одржи денеска во оганизација на Ромскиот ресурсен центар од Скопје и Центар за семејно и детско згрижување КМОП од Атина.

Вистинското значење на поимот инклузија, улогата на институциите во контекст на инклузивното образование и препораки за модели за инклузивно образование на Ромите на Македонија ќе бидат темите, за кои ќе се разговара на средбата. ац/ев/07:34

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ