• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Од игри на среќа 70 милиони денари за организации, здруженија и Црвениот крст

Од игри на среќа 70 милиони денари за организации, здруженија и Црвениот крст

Скопје, 31 мај 2018 (МИА) - Седумдесет милиони денари, наместо досегашните 66 милиони денари, ќе се одвојат од приходите на игри на среќа за финансирање на програмските активности на национални и инвалидски организации, здруженијата  и нивни асоцијации, здруженијата за борба против семејно насилство и Црвениот крст, кои  се доделуваат преку Министерството за труд и социјална политика (МТСП), информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Со информацијата за измените на годишната програма за финансирање на програмските активности усвоени на завчерашната седница на Владата ќе се финансираат дополнителни програмски активности на Црвениот крст, кој ќе го спроведува проектот „бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик, деца корисници на посебен додаток и други права“. 

Досега таа активност ја реализираше Министерството за труд и социјална политика, се распишуваше тендер на кој се пријавуваа економски оператори. Со измената се одвоени  дополнителни средства за  Црвениот крст кој од наредниот пат ќе ја организира оваа активност, појасни Бошњаковски.

Организацијата ќе обезбедува пансионски услуги за корисниците и волонтери за поддршка на реализација на проектот.лв/сд/13:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...