Почнува кампањата „Дали имате љубов за давање“

Почнува кампањата „Дали имате љубов за давање“

Скопје, 1 јуни 2018 (МИА) - Со пораката „Дали имате љубов за давање“ денеска на плоштадот „Македонија“ Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ ќе ја почнат кампањата чија цел е граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да се мобилизира поддршката за решенија за грижа за деца во семејно опкружување на ниво на заедницата, наспроти институционално згрижување.

Како што соопшти Министерството за труд, иницијативата е дел од заложбите на Владата да обезбеди услови за секое дете без родителска грижа во земјата да расте во безбедна и грижлива семејна средина. 

На настанот се најавени обраќања на министерката Мила Царовска и на претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс. мч/са/07:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ