• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

СОС Детско село ќе го одбележи Денот на згрижувачките семејства

СОС Детско село ќе го одбележи Денот на згрижувачките семејства

Скопје, 1 јуни 2018 (МИА) - Низ секојдневните искрени приказни, поблиску да се почувствува улогата на згрижувачот во семејството, да се дознае што значи да се биде згрижувач и да се гради семејство за оние на кои што им е најпотребно.

Ова е пораката што сака да ја испрати СОС Детско село Македонија, кое денеска организира отворен ден по повод Денот на згрижувачките семејства.

- Бидејќи секое дете заслужува сигурен дом, љубов, семејна средина и прилика за безгрижно, мирно и среќно детство, се наведува во соопштението на СОС Детско село. 

На настанот ќе се обрати националниот директор на СОС Детско село, Јулијана Гапо. 

Своите искуства ќе ги пренесат неколкумина згрижувачни, а сведоштва ќе имаат и младинци.

Ќе биде презентиран видео-клип „Ниедно дете не треба да расте само“, настап ќе имаат оркестар на МОБ, групата од актерското училиште на Весна Петрушевска, а ќе има и повик за обука на згрижувачи. 

Ќе биде отворена и изложба на фотографии, а ќе има и продажба изработки на  децата. ац/са/10:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ