• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Царовска: Барањата на текстилниот кластер се неприфатливи за Владата

Царовска: Барањата на текстилниот кластер се неприфатливи за Владата

Скопје, 1 јуни 2018 (МИА) - Барањата на текстилниот кластер се неприфатливи за Владата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, прашана во однос на барањата од текстилната индустрија за субвенции за придонеси. 

Објасни дека на 1 мај заедно со Организацијата на работодавачи била презентирана мерката за субвенцинирање на сите плати меѓу 12.000 и 18.000 денари и дека тие како организација се согласиле и стојат на тоа. 

- Текстилниот кластер, кои се само еден дел од Организацијата на работодавачи излегоа на прес-конференција. Плати исплаќаат и исплатија минимална плата без да ги користат субвенциите. Сметам дека она што тие го бараат е неприфатливо за Владата, затоа што бараат да се анулираат придонесите во Фондот, рече Царовска.аа/са/11:58

###

  

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ