• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Царовска: Јанкулоска, како и сите граѓани, ќе биде третирана по закон

Царовска: Јанкулоска, како и сите граѓани, ќе биде третирана по закон

Скопје, 4 јуни 2018 (МИА) - Гордана Јанкулоска нема причина воопшто да се вознемирува затоа што таа, како и сите граѓани ќе биде третирана по закон, одговори министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на писмото на поранешната министерка за внатрешни работи во кое се обраќа до неа и до новата министерка за правда Рената Дескоска за повреда на нејзините права во судењето за предмет на СЈО во кој таа е една од обвинетите.

Царовска додаде дека доколку има некаков проблем кој е од ресорот со кој таа раководи би помогнала без никаков проблем, но, рече, такво нешто засега нема.

- Во однос на она што го поставува во писмото, а се однесува на судските пракси одлуки и процедури, тоа не е во моја надлежност, рече Царовска одговарајќи на новинарско прашање пред Втората меѓународна конференција „Жените во енергетиката 2018“.

Јанкулоска во отвореното писмо што до Дескоска и Царовска го упати во саботата се пожали на остварувањето на нејзините права во областа на судството и заштита на правата на децата и жените, односно нивната груба  повреда. сст/са/13:30

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...