• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Деспотовски: Работиме на зголемување на вработеноста кај младите

Деспотовски: Работиме на зголемување на вработеноста кај младите

Скопје, 6 јуни 2018 (МИА) - Можностите за отворање нови работни места за млади, нивно самовработување преку отворање бизнис со поддршка и помош на државата, натамошен развој на социјалното претприемништво и препораки за зголемување на средствата за поддршка, беа теми на денешната конференција „Влијание на иновациите намалување на младинска невработеност“ што во организација на Младинскиот културен центар од Битола се одржа во Скопје.  

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски истакна дека државата прави напори да се зголеми вработеноста, особено кај младите преку отворање нови работни места, кои како што рече, треба да бидат високо платени.

- Минатата недела објавивме повик за бизнис акцелератор за млади Веќе сме во подготовка на нова мерка понуда за млади, кои или завршуваат факултет или се диопломирани, а имаат желба да се вработат и отворат свој бизнис. Ќе отвориме шалтер на кој ќе можат да се пријават и да добијат менторирање, грантови да отворат форма и да добијат поддршка за апликации со кои ќе го развијат бизнисот и да добијат средства од фондот, рече Деспотовски.

Рече дека важен сегмент во отворањето нови бизниси е и социјалното претприемништво, кое освен вработување може да овозможи и решавање одредени социјални проблеми.

- Сакаме да ги поттикнеме младите преку развивање компани кои ќе им генерираат приход да креираат таков тип продукти и услуги кои ќе помагаат односно имаат социјална компонента, рече Деспотовски, апелирајќи младите да ги искористат шансите и поддршката што им се нудат.

Златко Талевски од МКЦ Битола рече дека сите заедно мора да најдат решенија како да се подобри системот за поддршка на млади со цел да се намали младинската невработеност што, како што посочи, е голем проблем изминатите години.

- Наши главни препораки се зголемување на фондовите за поддршка на мали бизниси и социјални претприемачки идеи кои ќе значат не само отворање работни места, туку решавање социјални проблеми, рече Талевски.

Додаде дека е потребна и поддршка на оддржливоста на граѓанските организации, бидејќи во граѓанскиот сектор постои голем потенцијал за отворање нови работни места претежно наменети за млади.сст/са/13:41

###

 

                                                                                                                

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ