Анализа на законската рамка за регистрација на нерегистрирани лица

Анализа на законската рамка за регистрација на нерегистрирани лица

Скопје, 8 јуни 2018 (МИА) - Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Претставништвото на УНХЦР во Скопје денеска организираат настан на кој ќе се презентираат заклучоците од  „Анализата на правната рамка поврзана со матичната и граѓанската регистрација во однос на спречување на бездржавјанството".

На настанот, како што соопштија од Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, ќе се обратат државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, в.д. шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдстајн, претставникот на УНХЦР во Скопје, Дејан Кладарин и шефот на оддел во делегацијата на ЕУ, Вирве Вимпари. вг/са/07:38

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ