Во Македонија евидентирани околу 600 лица без државјанство

Во Македонија евидентирани околу 600 лица без државјанство

Скопје, 8 јуни 2018 (МИА) - Потреба за менување одредени законски решенија, поедноставување на процедурите за впишување во матичната книга на родените, меѓуинституционална соработка, и поефикасна работа на терен за откривање и решавање на статусот на лица кои се без лични документи и државјанство, констатираа дел од учениците на денешната дебата на која беше презентирана и „Анализата на правната рамка поврзана со матичната и граѓанската регистрација во однос на спречување на бездржавјанството".

Професорот Борче Давитковски, кој е нејзин автор, истакна дека за решавање на овој проблем се потребни законски измени, попис на сите лица кои се без државјанство, но и во ризик од бездржавјанство, посебна постапка за утврдување статус на бездржавјаноство, како и обуки за подигнување на свеста кај населението што е во ризик од бездржавјанство. 

- Овие лица треба да добијат правен статус на граѓани. Тие сега се аморфна маса, кои не постојат, безимени се. Немаат лични документи. Има лица кои имаат идентитет, но, немаат државјанство, но и лица кои немаат коту идентитет, ниту државјанство. Треба да се направат напори овие лица да станат граѓани и да можат да ги користат сите права, рече Давитковски.

Претставникот на УНХЦР во Македонија Дејан Кладарин смета дека проблемот со апатридите е решлив и оти за тоа е потребен системски пристап. Потребни се законски измени, олеснување на административните процедури кои ќе овозжожат во блиска иднина да се реши проблемот.

Напоредно со тоа, додаде Кладарин, треба да се работи и на терен во соработка со невладиниот сектор за тие лица да се идентификуваат и да им се помогне да го решат својот статус. 

Претсвникот на ОБСЕ во Македонија Џеф Голдстајн истакна дека ова е повеќегенерациски проблем, бидејќи, како што рече, лицето кое нема документи не може да ги запише, ниту своето дете иако е родено во земјата. Осовбено важна, според него, е работата на терен.

- Сметаме дека е многу важно Владата да има соработка со НВО од заедниците во кои има многу нерегистрирани луѓе, бидејќи ако не знаат како можат да се регистрираат, не може да се реши проблемот иако  има супер закони, рече Голдстајн. 

Јована Тренчевска, државен секретар во МТСП, истакна дека поседувањето на лични докумети е клучно за да може едно лице да ги оствари своите права, во постапки пред надлежни инстутуции, центри за социјални работи, здравствените институции, агенциите за вработување, образовни институции, но и за да ги остварат основните  човекови права. 

Затоа, според неа, потребно е решавање на овој проблем, за што се заложила и Владата. 

Информира дека досега се идентификувани околу 600 лица за кои се вршела проверка во базата за матичен број на граѓанинот, како и матичните книги на родените. Притоа, било утврдено дека дел од нив веќе се евидентирани во матичните книги, но немаат изводи, некои се родени во болница, но не им е определено лично име, а дел во домашни услови, но никогаш не било пријавено нивното раѓање.

Според неа, потребна е измена на законите за вонпарнична постапка, и за матична евиденција во насока на отворање посебен регистар за лица кои немаат упис на граѓанње и посебен регистерски број од времен карактер до упис во книгата на родени. 

Презентацијата на анализата беше во организација на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Претставништвото на УНХЦР во Скопје. сст/са/13:12

###

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...