• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Во Кратово отворен ден „На секое дете му треба семејство“

Во Кратово отворен ден „На секое дете му треба семејство“

Кратово, 14 јуни 2018 (МИА) – Во кино салата на Дом на култура, Кратово денеска ќе се одржи отворен ден насловен „На секое дете му треба семејство“.

Од Јавна установа Центар за социјална работа-Кратово информираат дека овој отворен ден се одржува по повод националната кампања за промоција на згрижувачки семејства „На секое дете му треба семејство“ организирана и подржана од Министерството за труд и социјална политика, Уницеф Македонија и СОС Детско Село Македонија

Оттаму ги поканија сите заинтересирани граѓани на општина Кратово да присуствуваат на настанот и детално да се информираат за кампањата „На секое дете му треба семејство“.

На настанот е најавено присуствуво и обраќање на шефот на канцеларијата на Уницеф во Македонија, Бенџамин Перкс, шефот на канцеларија на УНИЦЕФ Македонија, Соња Кипровска.

Претставување на згрижувањето како облик на заштита на децата ќе изврши Невенка Јовановска, директор на јавна установа Центар за социјална работа Кратово, а своето искуство со присутните ќе го сподели згрижувачот Ремзије Јусуф.

Воведен збор на настанот ќе има градоначалникот на општина Кратово, Љупчо Бојаџиев. ид/дма/12:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...