• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Царовска претседавач на сесија за иновативни решенија на конференција во Талин

Царовска претседавач на сесија за иновативни решенија на конференција во Талин

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска претседаваше со сесијата „Иновативни решенија за просперитет и солидарност“ што се одржа во рамки на меѓународна конференција во Талин. 

На сесијата, како што информира ресорното Министерство, се разговарало за искуствата во планирањето и спроведувањето на иновативните решенија во различни системи на здравствената заштита. 

Учесници биле претставници од повеќе земји, како и од Европската комисија и Европската опсерваторија за здравствени системи и политики. 

- Иновативните решенија отвораат можности за трајни системски промени и креирање услуги по мерка на граѓаните. Искуството од нашите меѓународни партнери е од големо значење за креирање стратегии и механизми за реализација на овие промени. Градење на хумано општество за сите е приоритет за оваа Влада и Министерството за труд и социјална политика, велат од ресорното Министерство. бак/дма/15:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ