Царовска: Во Тимјаник ќе има мал групен дом

Царовска: Во Тимјаник ќе има мал групен дом

Скопје, 26 јуни 2018 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера ги посети Неготино и селото Тимјаник. Таа заедно со градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков се сретна со локалните жители, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

- Недоразбирањата се веќе минато, а подготовките за малиот групен дом во Тимјаник продолжуваат. Никогаш не се сомневав во хуманоста на нашите граѓани и верував дека првата несакана епизода е само недоразбирање. Драго ми е што овој пат имавме многу конструктивна дискусија и жителите дадоа поддршка на она што го правиме. Јас верувам дека Тимјаник ќе биде симбол на хуманоста на нашето општество, а жителите ќе се гордеат со тоа, изјави Царовска.

Царовска во Неготино и Тимјаник1Од МТСП информираат дека во меѓувреме забрзано се работи на деинституционализацијата и дека се во комуникација со другите општини кои изразиле подготвеност за отворање мали групни домови.

Истовремено, МТСП во соработка со УНИЦЕФ ја промовира и кампањата „На секое дете му треба семејство“ која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. Кампањата досега постигнува одличен успех, повеќе од 100 лица изразија желба да згрижат дете. Борбата за похумано општество и заштита на децата ќе биде и понатаму главен фокус на МТСП, посочуваат од Министерството. рп/скс/10:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...