• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Во Визбегово ќе се гради населба за бездомни лица, не камп за мигранти

Во Визбегово ќе се гради населба за бездомни лица, не камп за мигранти

Скопје, 30 јуни 2018 (МИА) - Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живеejа под Кале, а не камп за мигранти, објави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовскa на својот „Фејсбук“ профил. 

ВМРО-ДПМНЕ, наведува Царовска, шири лажни вести дека во прифатниот центар во Визбегово ќе се градат бегалски кампови.

- Ги повикувам граѓаните да не наседнуваат на лажните документи кои се споделуваат по социјалните мрежи. Вистината е следната: Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живееа под Кале, а не камп за мигранти. Оваа одлука е усвоена уште пред една година со која Владата трајно ќе им обезбеди дом на повеќе 80 лица кои живееја на улица. Очигледно паниката кај ВМРО-ДПМНЕ е преголема па се спремни ваквите хумани решенија да ги злоупотребуваат. Повторно јасно порачуваме – бегалски кампови нема да се градат и бегалци нема да се населуваат во нашата земја, стои во објавата.

Општина Карпош, претходно денеска, исто така, ги демантираше информациите кои се пласираа на социјалните мрежи дека таков прифатен центар ќе се гради во Бардовци.

- Општина Карпош, до овој момент, нема примено никаков допис во вид на Барање информации и податоци за доставување државна урбанистичко - планска документација за прифатен центар за странци во Бардовци, од страна на Агенцијата за планирање на просторот. Општина Карпош исклучиво опстојува на определбата за плански развој на локалната самоуправа, а прифатниот центар за странци не е дел од планот за развој на Бардовци или на кој било друг дел од Карпош, се вели во соопштението до општина Карпош. аа/лв/15:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...