• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Вработени 419 лица преку програмата „Младинска гаранција“

Вработени 419 лица преку програмата „Младинска гаранција“

Скопје, 2 јули 2018 (МИА) - Во првите три месеци од пилот програмата „Младинска гаранција“ во Скопје, Струмица и Гостивар се вработиле 419 лица, 196 почнале да посетуваат обука, а 160 почнале пракса во некоја компанија, информираат од Министерството за труд и сооцијална политика.

- Интересот за младинската гаранција е голем, досега вкупно 1.532 лица се вклучиле во програмите. Овие резултатие ги надминуваат очекувањата и повеќе од сигурно е дека по завршување на пилот фазата програмата ќе влезе во целосна имплементација, велат од МТСП.

Младинска гаранција е програма на Владата на Република Македонија со кој се зголемува опфатот и вклучување на младите невработени лица на пазарот на трудот. Целта на оваа мерка, за која до крајот на годината се предвидени 8,8 милиони евра, е младите да останат во државата и да работат тука.

Гаранцијата за млади е отворена за сите млади лица на возраст до 29 години кои се невработени, веќе го завршиле своето образование и не се пријавени во АВРМ. Пријавените добиваат квалитетната понуда за вработување, натамошно образование, стажирање или практикантство. Сите овие се клучни за успешното интегрирање на младите во пазарот на трудот и намалување на одливот на образован кадар од земјата.

Гаранција за млади е активна мерка за вработување на млади лица која се спроведува во државите од Европската унија од 2012 година. Република Македонија е единствената земја во регионот, која не е членка на ЕУ, а започнува со воведување на „Гаранција за млади“, како мерка за зголемување на вработливоста на младите луѓе.

Со оваа програма Владата ги следи европските младински политики и ги отвора можностите за младите во Македонија, се наведува во соопштението од МТСП. дма/скс/12:07

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...