• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Женско бебе оставено пред вратите на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола (ДПЛ)

Женско бебе оставено пред вратите на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола (ДПЛ)

Битола, 2 јули 2018 (МИА) - Женското бебе кое синоќа околу 2 часот по полноќ било оставено од непознато лице или непознати лица пред вратите на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца во Битола, од денеска е згрижено во таа установа, а надлежните органи вршат истрага.

Во изјава за МИА, директорката на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола, Соња Илијовска, истакна дека по пријавата на настанот веднаш биле известени СВР-Битола и Центар за социјални работи-Битола, а на бебето му била укажана здравствена помош и детален здравствен преглед на Одделението за неонатологија во Клиничка болница-Битола.

- Женското бебе е здраво, згрижено и со максимална нега. Тоа е нашата основна дејност и задача, додека пак останатите служби и институции ќе постапуваат согласно надлежност, изјави кусо Илијовска. мт/сст/15:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...