МТСП: Бебето најдено пред Домот за доенчиња во Битола е згрижено и е во добра состојба

МТСП: Бебето најдено пред Домот за доенчиња во Битола е згрижено и е во добра состојба

Скопје, 2 јули 2018 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика информира дека ноќеска во 01.50 часот претставник на Центарот за социјална работа-Битола и полициски службеници, во Домот за доенчиња во Битола го сместиле новороденчето од женски пол, најдено пред Домот. 

- Новороденчето веднаш по приемот е однесено во ЈЗУ Клиничка болница-Битола на детален преглед, при што е констатирана добра општа здравствена состојба, информираат денеска од МТСП.

Министерството за труд и социјална политика ги презема сите мерки во насока на заштита на новороденчето и обезбедување на соодветна грижа.

За останати информации во однос на истрагата и постапката, од МТСП упатуваат на Министерството за внатрешни работи. сст/нд/16:31

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...