Нова градинка во Џепчиште

Нова градинка во Џепчиште

Тетово, 3 јули 2018 (МИА) - Педесет деца во две смени е капацитетот на новата градинка што денеска беше отворена во Џепчиште.

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи вели дека објектот ги исполнува сите законски барања за овој капацитет на деца од предучилишна возраст.

- Градинката во Џепчиште е дел од нашата политика за покривање на руралните делови од општината со дневни центри за прифат на децата од предучилишна возраст. Предноста на Џепчиште е што тука имавме и цел објект што по реновирањето ќе биде вистинска градинка што многу брзо ќе биде ставена во фунција. На овој начин им овозможуваме на родителите од Џепчиште и околината поблиска можност до  нивните домови за згрижување на децата,  рече Арифи.

Директорката на градинките Младост од Тетово Рамије Даути во чии рамки ќе работи и новиот објект посочи дека веќе е објавен списокот со 50 деца што ќе бидат поделени во две возрасни групи во Џепчиште.

- Со ова во Тетово се ослободува исто толку простор за прием на деца во градинките и бидејќи имаме голема побарувачка за секое ослободено место веднаш го пополнуваме со следното дете на списокот, изјави Даути.

Новата градинка во Џепчиште се наоѓа во рамки на основното училиште „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ во селото.ас/лв/13:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ