Се зголемува посебниот додаток за лица со посебни потреби

Се зголемува посебниот додаток за лица со посебни потреби

Скопје, 3 јули 2018 (МИА) - Владата на денешната седница донесе одлука за зголемување на висината на правото на посебен додаток за дете со специфични потреби коешто има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години. Освен зголемувањето на сумата за посебен додаток овие лица ќе бидат и здравствено осигурани, ако не се осигурани согласно со Закон.

Како што информира Министерството за труд и социјална политика износот на утврдената висина на правото на посебен додаток со Законот за заштита на децата се зголемува од 4.202 денари  на 5.021 денари.

Самохраните родители кои имаат дете со специфични потреби со пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години наместо досегашните 6.303 денари ќе добиваат сума од 7.351 денар.

За материјално необезбедени родители, кои се корисници на социјална помош и постојана парична помош, а коишто имаат дете со специфична потреба до 26 години додатокот се зголемува од 5.252,50 денари  на 6.276 денари.

Зголемувањето се прави со измени и дополнувања на Законот за заштита на децата, кои ги усвоила Владата на денешната седница.

Овие измени, посочуваат од МТСП, се само дел од стратегијата на Министерството за труд и социјална политика за подобрување на финасиската состојба и условите за живот на најранливите групи на граѓани.​ сст/скс/15:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ