Министерството за труд и социјална политика оценето како најтранспарентно во истражување на Мeтаморфозис

Министерството за труд и социјална политика оценето како најтранспарентно во истражување на Мeтаморфозис

Скопје, 5 јули 2018 (МИА) - Резултатите од истражувањето на организацијата „Метаморфозис“ за трансапрентноста на владите во регионот и институциите во Република Македонија, покажуваат дека Министерството за труд и социјална политика е најтранспарентно во своето работење.

- Ова вчера на презентација во Владата го соопштиле претставниците на невладината организација. Особено ни е драго за ваквите наоди кои сметаме дека реално го отсликуваат начинот на кој работи министерството по промената на власта во Македонија, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Транспарентноста, заедно со ефикасното работење и кратењето на непрдоуктивните трошоци, како што посочуваат оттаму, е една од главните заложби на новото раководство и министерката  Мила Царовска.

- За една година промените во начинот на работење на Министерството и комуникацијата со јавноста значително се промени, а одговорноста пред граѓаните за работењето е врвен приоритет. Министерството и во иднина ќе продолжи во оваа насока и се надеваме на уште попозитивни резултати, истакнуваат од МТСП. сст/дма/13:47

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...