Пилот проект за инклузија на тешко вработливи лица со помош од Шпанија и УНДП

Пилот проект за инклузија на тешко вработливи лица со помош од Шпанија и УНДП

Скопје, 6 јули 2018 (МИА) - Создавање програми за поголема социјална вклученост и вработување на тешко ранливи групи преку пилот проект во Македонија, беше целта на неколкудневната работната посета на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на Шпанија.

Министерството за труд и социјална политика информира дека е договорена поинтензивна соработка помеѓу двете влади во делот на социјалната заштита, како и спроведување пилот програмата за инклузија и вработување на тешко вработливи лица АЦЕДЕР во Македонија, за што ќе добиеме техничка помош од Шпанија и УНДП.

Министерката Царовска заедно со постојаната претставничка на ОН Луиза Винтон, ја предводеше делегацијата составена од претставници на министертвото, агенцијата за вработување, УНДП и делегацијата на Европска унија. Македонската делегација имаше можност детално да се запознае со програмата АЦЕДЕР.

Во рамки на посетата Царовска се сретна со државниот секретар во шпанското Министерство за здравство, социјална заштита и еднаквост, Мариа Пилар Диаз, со високиот комесар за детска сиромаштија Луиза Карцедо, со регионалниот комесар за вработување, Карлос Фернандез Кариедо, како и со директорот на социјалните служби.скс/сд/11:44

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ