• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Нова градинка во Кичево ќе почне со работа од септември

Нова градинка во Кичево ќе почне со работа од септември

Кичево, 6 јули 2018 (МИА) - Во септември во Кичево ќе биде пуштена во употреба градинка изградена со средства на Турската агенција за соработка и координација „ТИКА“.
 
Новата градинка е со капацитет за 120 деца до шестгодишна возраст. Целосно е опремена и наскоро треба само да се реши персоналното прашање и градинката да биде ставена во употреба. Карактеристично е што и оваа детска градинка ќе биде клон на најстарата детска градинка во Кичево „Олга Мицеска“ и сите три градинки во градот ќе функционираат со една управа.
 
- Отворањето на новата детска градинка во добар дел ќе го реши проблемот од недостаток на слободни места во постоечките градинки, а свое прво вработување ќе најдат и дел невработени лица, претежно од женскиот пол, вели Садик Ахмети, директор на градинката во Кичево.рф/скс/11:47

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ