НЛБ Нов пензиски фонд се ребрендира во Сава пензиско друштво

НЛБ Нов пензиски фонд се ребрендира во Сава пензиско друштво

Скопје, 9 јули 2018 (МИА) - НЛБ Нов пензиски фонд а.д. Скопје го заврши процесот на пререгистрирање и ќе продолжи да функционира под името Сава пензиско друштво а.д. Скопје, информираат од пензиското друштво и додаваат дека тоа и во иднина ќе продолжи да управува со двата пензиски фонда и тоа задолжителениот пензиски фонд, со ново име Сава пензиски фонд и доброволниот пензиски фонд, Сава пензија плус.

- Заедно со новото име, Сава пензиско друштво а.д. Скопје,  Друштвото  во процесот на ребрендирање ќе добие целосно нов визуелен лик. Друштвото ќе продолжи да функционира и работи на ист начин како и досега, стремејќи се да обезбеди сигурни пензиски заштеди  за своите осигуреници, преку остварување соодветен долгорочен принос од инвестициите на средствата на фондовите, се вели во соопштението од ова пезниско друштво.

Промените во називот и ребрендирањето на НЛБ Нов пензиски фонд следуваат  откако словенечката компанија Сава Ре дд., Љубљана, во март годинава стана сопственик на 100 отсто од акциите на пензиското друштво.сст/скс/14:46

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ