• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МТСП: Работиме на расветлување на случајот со каснатото 11-месечно бебе

МТСП: Работиме на расветлување на случајот со каснатото 11-месечно бебе

Скопје, 12 јули 2018 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека е запознато со случајот за каснатото 11 месечно бебе во скопската градинка Раде Јовчевски Корчагин, и работи на расветлување на случајот. Од Министерството не исклучуваат можност за дисциплинска постапка доколку постојат елементи за таков престап.

- Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата е веќе на терен и работи на расветлување на случајот, односно за тоа како настанала повредата на детето и ако постои сомнеж согласно со Закон ќе се поведе постапка за утврдување на дисциплински престап, наведуваат од МТСП.

Воедно, од Министерството појаснуваат дека поради намалениот број деца во јавните установи за деца - детски градинки, во летниот период долгогодишна пракса е децата од различни занимални, следствено на возраста да се згрижуваат во помал број занимални, но тоа, наведуваат, не значи и зголемен број на деца во занималните. сст/вг/12:58

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...