Царовска: Мора да се работи на превенцијата за да имаме поголема социјална заштита на децата

Царовска: Мора да се работи на превенцијата за да имаме поголема социјална заштита на децата

Скопје, 13 јули 2018 (МИА) - Истражната постапка за случајот со 14-месечното претепано бебе кое беше хоспитализирано на комплексот клиники „Мајка Тереза“ се уште трае. На бебето му е одреден старател, а мајката е згрижена во шелтер центар, истакна вечерва министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Во емисијата „24 Анализа“, Царовска посочи дека мајката им била позната на социјалните служби како дете без родители, но не и како насилник и оти мора да се работи на превенцијата.

Таа ниту еднаш не побарала помош како жртва на насилство, а без пријава, како што појасни директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Скопје, Наташа Стојановиќ, социјалните служби не може да поставуваат. 

За случајот со бебето кое беше оставено пред Домот за доечиња во Битола, министерката Царовска рече дека се истражува зошто бебето било оставено, но оти е добро што мајката е пронајдена.

- Се работи и со мајката и со нејзиното семејство за да го постигнеме она на кое работиме, а тоа е деинституционализација, односно да нема деца во институциите. Треба да направиме и да дадеме поддршка на биолошкото семејство, рече Царовска.

За трите дечиња кои загинаа во пожар во Велес, министерката Царовска рече дека се разгледуваат сите детали како постапувал Центарот за социјални работи бидејќи семејството им било познато. Оцени дека се работи за семејство со голем број на ризици и оти тоа сега е згрижено во стан во социјална зграда. 

На дебатата беше посочено дека превенцијата е на многу ниско ниво и оти висок е процентот на луѓе кои се сведоци на насилтво и тоа не го пријавуваат сметајќи дека тоа не е нивна работа. бак/мд/22:26

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ