Сертификати за персоналните асистенти на лицата со попреченост

Сертификати за персоналните асистенти на лицата со попреченост

Скопје, 16 јули 2018 (МИА) - Во Владата на Република Македонија денеска ќе им бидат доделени сертификати на персоналните асистенти на лицата со попреченост.

Тие треба да им помагаат на лицата со попреченост во извршувањето на секојдневните лични и домашни активности при посета на високообразовни институции, во професионалната  рехабилитација или поддршка на работното место.

Персоналните асистенти ја завршија обуката организирана во соработка со Црвениот крст на Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. 

Сертификатите ќе ги додели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. бак/мч/07:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ