• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Доделени 92 сертификати за персонални асистенти на лица со попреченост

Доделени 92 сертификати за персонални асистенти на лица со попреченост

Скопје, 16 јули 2018 (МИА) - Девесет и двајца персонални асистенти денеска добија сертификати и во тек е нивно поврзување со лица со попреченост на возраст над 18 години кои ќе добијат персонализирана услуга која ќе значи ослободување во движењето, социјализацијата, образованието и пазарот на труд.

Ова денеска во Владата го истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска по врачувањето на сертификатите на персонални асистенти. Програмата за која средствата за обука се обезбедени преку активните мерки за вработување, веќе се спроведува во Битола, Струга, Куманово, Неготино, Гостивар, Струмица и Скопје, а услугата е понудена на сите лица со попреченост кои аплицирале.

Таа посочи дека персоналниот асистент месечно ќе биде ангажиран 80 часа односно половина работно време секој ден тој може да биде на располагање на едно лице со попреченост.

Врачени сертификати за персонални асистенти- Ова е програма која МТСП преку Владата ја усвои во март. Ова се првите чекори за стекнување доверба меѓу персоналните асистенти и лицата со попреченост. За оваа програма имаме издвоено повеќе од 17 милиони денари за оваа година, но истата се предвидува во новиот Закон за социјална заштита со што решението ќе стане системско, рече Царовска. 

Во новиот Закон за социјална заштита, кој треба да стартува на 1 јануари, потенцира, персоналната асистенција се гарантира со закон. Додаде дека во подготовка се на нов оперативен план и во 2019 година ќе продолжат со континуирана едукација на повеќе персонални асистенти. 

Директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска рече дека идната година ќе продолжат со овој вид обука како дел од останатите проекти и мерки за вработување кои ќе следат во оперативниот план. 

Сузана Тунева Пауновска од Црвениот крст на Република Македонија истакна дека 92 обучени персонални асистенти ќе им овозможат се што им е потребно на лицата со телесна попреченост во смисла на образовна асистенција и да бидат поконкурентни на пазарот на трудот односно ќе им го олеснат нивното секојдневие.  

- Ова е една комплетна нова професија која се воведува благодарение на МТСП. Се надевам дека во втората фаза и со другите провајдери ќе можеме да го зголемиме бројот на персонални асистенти и секое лице ќе има можност да има персонален асистент, додаде Тунева Пауновска.

Одговарајќи на новинарско прашање министерката Царовска рече дека веројатно Министерството за образование и наука ќе донесе програма која системски ќе ги решава образовните асистенти, но ова се однесува на персонална асистенција на полнолетни лица кои самостојно може да одлучат што и како треба да прават во текот на денот, а персоналниот асистент е тука да им помогне и да ги поддржи во тој процес.

Корисникот на персонална асистенција Бранкица Димитровска се заблагодари за разбирањето за нивните потреби и изрази надеж дека овој пилот проект ќе се спроведува во целата држава. рп/сд/14:20

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...