Царовска: Секој чекор е во насока на унапредување на системот на социјална заштита

Царовска: Секој чекор е во насока на унапредување на системот на социјална заштита

Скопје, 16 јули 2018 (МИА) - Секој чекор што го правиме е во насока на унапредување на системот на социјална заштита, но долгорочно и тоа многу скоро ќе даде резултати. Единствено што преземаме во центрите за социјална работа се долгорочни мерки. Единствено оваа Влада се грижи за системот за социјална заштита од осамостојувањето на Македонија.

Oва денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која рече дека токму затоа вработуваат квалификуван и најдобар кадар.

- Се грижиме сите работни места да добијат двостепеност во центрите за социјална работа во новиот закон, што значи да има социјален работник и супер визор над него, затоа што секоја одлука која ќе ја донесе едно лице може некогаш да биде пристрасна. Затоа е потребен супервизор. Се ова е во насока на стабилизација на системот на социјална заштита, потенцира Царовска.

Во центрите за социјална работа, појасни, има 1.000 вработени, од кои само 500 се само стручен кадар, а останатите не знаат да работат со луѓе и не треба да работат со луѓе, си имаат други соодветни места каде тие лица треба да бидат ставени, но тука се во систем.

- Знаеме дека многу години системот се уриваше. Не дека сега има поголем број случаи. Ист е бројот на случаи. Сега имаме и намалување. Јас не ги кријам случаите, ниту имам намера, затоа што само проблем за кој се зборува може да биде решен. Секој чекор што го правиме е во насока на унапредување на системот на социјална заштита, но долгорочно и тоа многу скоро ќе даде резултати, додаде Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето сертификати на персонални асистенти на лицата со попреченост. рп/сд/15:05

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...