• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

На бесплатен летен одмор и деца од Дебарско

На бесплатен летен одмор и деца од Дебарско

Дебар, 16 јули 2018 (МИА) - Поволноста што ја дава владиниот проект за бесплатен одмор за деца од семејства во социјален ризик и социјално загрозени семејства и ова лето ќе ја искористат деца од општините Дебар и Центар Жупа.

Крешник Пачуку, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, информира дека на објавениот повик од страна на Министертвото за труд и социјална политика се јавиле пет деца од двете општини, кои ќе одат на бесплатен одмор.

- Во изминатите седум години,  кога почна да се спроведува проектот, од споменатите општини, во просек по десет деца беа на летен одмор или  над 70 деца од двете општини. Децата се многу задоволни зашто дел од нив за првпат имаат можност да одат на одмор, се запознаваат и другаруваат со деца од сите делови на Македонија, учат да пливаат, со еден збор, минуваат прекрасен седумдневен одмор, посочува Пачуку.

Тој додава дека за децата е обезбеден и превоз, а оти тие ќе одмараат од 31 јули до 6 август, во рекреативниот центар за деца и младинци „Мајски цвет” во Струга.

И додека за летен одмор има минимален интерес, според Пачуку, за бесплатен зимски одмор до сега воопшто не е покажан интерес кај децата од семејства во социјален ризик и социјално загрозени семејства. вт/сст/16:33

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ