• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Во Ресен промовирана кампањата „На секое дете му треба семејство“

Во Ресен промовирана кампањата „На секое дете му треба семејство“

Ресен, 17 јули 2018 (МИА) - Во Ресен денеска беше промовирана кампањата „На секое дете му треба семејство“ што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ и СОС Детско село.

Пред присутните меѓу другите обраќања имаа градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски, претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје Бенџамин Перкс и Шпреса Саиди од Министерството за труд и социјална политика.

Целта на кампањата е поттикнување на граѓаните да станат згрижувачи на деца без родители или родителска грижа, да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов.

- Општина Ресен ќе се заложи за ширење и унапредување на оваа кампања која треба да даде позитивен бенефит. Ќе се заложи за воспоставување и ширење на локалните мрежи на згрижувачи и преку локални мерки ќе го олесниме овој процес, што ќе даде многу подобар резултат, истакна градоначалникот Гошаревски.

Според него,  секое дете заслужува дом и семејство во кое безгрижно ќе расте.

Министерството за труд и социјална политика предвидува до 2020 година деинституционализација на децата без родителска грижа и нивно сместување во мали групни домови или згрижувачки семејства. сс/сст/15:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ