• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Крива Паланка настан од кампањата „На секое дете му треба семејство“

Во Крива Паланка настан од кампањата „На  секое дете му треба семејство“

Крива Паланка, 18 јули 2018 (МИА) - Во Крива Паланка се одржа настан во организација на Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ, во рамки на кампањата „На секое дете му треба семејство“.
 
Кампањата има цел  да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа, односно деинституционализација на поголемите државни  центри за заштита на деца без родители и родителска грижа. Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, ја искажа безрезервната поддршка на кампањата.
 
- Како градоначалник и како родител изразувам безрезервна поддршка на оваа иницијатива и кампања зошто децата се најголемото богатство на едно општество, неговата иднина и неговата судбина. Оттука грижата за најмладите е еден од главните приоритети и обврски на секое општество не само од аспект на обезбедување на подобар квалитет на живот или подобро образование, туку и пренесување на вредности кои ќе овозможат изградба на силни индивидуи кои во иднина ќе претставуваат силен  социјален капитал, кој може да овозможи стабилен развој на македонското општество, изјави Мицевски.
 
Семејството како основна структурна единица, меѓу другото претставува и основен агенс во процесот на социјализацијата на децата и оттука и не постои соодветна замена за топлината, емоционалната поддршка и сигурност, која што може да ја пружи само семејството, а која е клучна за павилен психо-физички развој на децата.
 
Тој ги повика сите граѓани да се придружат кон иницијативата, да станат згрижувачи на деца без родителии и на тој начин да обезбедат, не само подобра иднина за децата, туку и за себе и за својата заедница.
 
Целта на кампањата е да се поттикне поддршка за алтернативна грижа за децата, наспроти сместувањето во големи институции и да даде поддршка, да се стави крај на сместувањето деца помали од три години во големи институции до 2020 година.
 
Се планира  преку процесот на деинституционализацијата, до 2020 година сите деца на  возраст од 0 до 3 години, да бидат извлечени  од институциите и да бидат сместени  во мали групни домови, згрижувачки семејства или друга форма на соодветно сместување.
 
Во моментот над двеста деца помали од три години, деца со попреченост и деца кои се одделени од своите родители поради злоупотреба или насилство, се згрижени во големи институции во Македонија.
 
Претставникот од МТСП рече дека, во текот на наредниот период ќе се организираат отворени денови во триесет градови преку локалните самоуправу, центрите за социјална работа и СОС Детско село, за да им се даде на граѓаните низ целата земја можност да дознаат повеќе за проектот и да станат згрижувачки семејства. ид/сст/13:51

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ