Во Тимјаник се отвора мал групен дом за штитеници од домот во Демир Капија

Во Тимјаник се отвора мал групен дом за штитеници од домот во Демир Капија

Скопје, 20 јули 2018 (МИА) - Во неготинското село Тимјаник денеска ќе биде отворен мал групен дом во кој ќе бидат сместени неколку деца од Специјалниот завод во Демир Капија.

На отворањето на домот е најавено учество на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставниците на УНИЦЕФ и на ОН во Македонија   Бенџамин Перкс и Луиза Винтон, градоначалникот на Неготино Тони Делков и граѓански организации. 

Со Проектот за деинституционализација на 216-те штитеници од Специјалниот дом во Демир Капија, поддржан од УНИЦЕФ, УНДП и Европската Унија, се предвидува во рок од две-три години, нивно преместување во мали домови во општини ширум Македонија, за нивна полесна ресоцијализација и вклученост во општеството.лв/са/07:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...