• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Центарот за социјални работи Куманово ја анимира јавноста за проектот за згрижување деца

Центарот за социјални работи Куманово ја анимира јавноста за проектот за згрижување деца

Куманово, 24 јули 2018 (МИА) - Кумановскиот Центар за социјални работи активно работи да ја анимира јавноста за проектот на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ „На секое дете му треба му треба семејство“ чија цел е да ги поттикне граѓаните да згрижат деца без родителска грижа.

Ивана Лазаревска, социјален работник од Центарот, изјави дека постојано работат за да го зголемат бројот на згрижувачките семејства Во Куманово, вели таа, има осум згрижувачки семејства во кои се сместени 13 лица, од кои 12 се деца и едно лице е со одземена деловна способност. 

Заинтересираните за згрижување треба да исполнат повеќе услови. Згрижувачот не смее да биде постар од 65 години, згрижувачите треба да бидат во општа добра здравствена состојба, да имаат завршено минимум средно образование. Значајно е и да имаат дом, основни примања на ниво на социјална парична помош.

- Ова значи дека и корисниците на социјална парична помош имаат право да аплицираат и да згрижат деца без родители и да го понудат својот дом за да израснат здрава индивидуа, рече Лазаревска.

Згрижувачите добиваат 9.876 денари месечно - поединечно за секое згрижено дете, а во едно згрижувачко семејство најмногу може да бидат сместени пет деца.

Во Куманово се сместени и деца од други градови од државата - од Скопско  две деца и од Битолско едно. Од Куманово, пак, четири деца се сместени во СОС Детското село и во Крушево и Македонски Брод.

- Соработката помеѓу центрите е на високо ниво, се со цел да им обезбедиме на децата, љубов, дом, топлина, истакна Лазаревска.

Стручните служби од Центарот работат и со децата кои се згрижени при процесот на адаптација. Сместувањето на децата во згрижувачките семејства е важно за нивниот развој, зашто тие ги уживаат основните права - да бидат заштитени од запоставување, од суровост, експлоатација, право на безбедно домување и здравствена заштита. Најзначајно, според одговорните од Центарот, е тоа што децата се сместени во семејство - средина која е најблиска до природната. ам/хс/14:41

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...

Јакната на Хан Соло на аукција, се очекуваат 1,3 милион долари

Јакната што Харисон Форд ја носеше глумејќи го лик...